Животен стил, Живеј квалитетно

Како да ја зголемите својата среќа?

29 октомври, 06:26

Среќата доаѓа од вас самите, а таа е најдобриот лек за сите болести.

Ако постои нешто што можете да го направите лесно и брзо е да бидете среќни. Како?

 

 

 

Вежбајте почесто

Вежбањето е најдобриот начин да се извлечете од депресијата. Помага за подобрување на расположението и здравиот начин на живот.

Квалитетен сон

При неквалитетен сон мозокот не може да се наврати на убавите моменти, поради што присутни се само лошите и негативни настани. Ве прави нервозни и нестабилни. Неквалитетниот сон е причина и за психички нарушувања, како што се песимизам, анксиозност и депресија.

Помалку стресна работа

Желбата за подобра работа и подобри услови за живот ќе ве направат несреќни и постојано незадоволни од тоа што сте го постигнале.

Цврсти врски со семејството, партнерот/партнерката и пријателите

Одржувањето на уредни и цврсти врски со блиските ќе ви помогне да се чувствувате поисполнети и позадоволни од себе и од животот.

Излегувајте почесто

Прошетката на свеж воздух ја подобрува меморијата и ги проширува границите на размислување.

Помогнете им на другите

Помагањето на другите го намалува ризикот од анксиозност и депресија и значително го зајакнува психолошкото здравје.

Смејте се

Лажните насмевки имаат негативен ефект врз вашето здравје. Отворете го срцето и заборавете на она што поминало, гледајќи напред кон иднината насмевнете се на животот. Колку повеќе насмевки им давате на другите, толку повеќе и тие ќе ви возвраќаат со насмевка.

Размислувајте за иднината

Планирањето на делови од иднината ќе ве направи нестрпливи за да го дочекате тој момент, а со тоа расте возбудата во вас. Планирањето на семејните одмори ќе ве направи посреќни од било кога.

Медитирајте

За да постигнете внатрешен мир, фокусираност и смиреност, медитирајте. Медитацијата ја подобрува работата на центрите во мозокот за сочувство, самосвест и среќа.

Бидете љубезни

За да ја задржите позитивната енергија трудете се да бидете љубезни. Поттикнувајте ги и другите да бидат оптимисти, заблагодарете се за она што го добивате, споделете некоја инспиративна приказна...


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2129 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус