Како да се ослободите од непријатниот мирис во устата?

11 ноември, 02:23

Лошата миризба која се јавува во устата првенствено настанува како последица на недоволна грижа за забите, а со тоа и на здравјето воопшто.

Негувањето и грижата на забите треба да биде на врвот од листата на приоритети кои се однесуваат на подобрување на здравјето. Редовната посета на стоматолог, како и редовното миење на забите неколку пати во текот на денот, во голема мера ќе го спречат настанувањето на непосакуваната непријатна миризба во устата.

Храната е таа која е виновник број еден за појава на непријатна миризба во устата. 
Остатоците од храна после секој оброк, кои успешно се кријат во тешко достапните места помеѓу забите, се причинители на непријатен мирис.

Најголеми предизвикувачи се слатките работи, како торти, колачи и чоколади. 
Ако веднаш после конзумирањето на некоја од оваа слатка храна убаво не се измијат забите, тогаш бактериите, благодарение на јагленохидратите кои ги има во слатките, ќе се размножат до тој степен што за многу кратко време ќе ја предизвикаат појавата на лоша миризба.

Покрај храната, лошата миризба може да биде предизвикана и од проблеми со желудникот, односно ненавремено варење на храната, од настинка, од инфекции на синусите или од забен камен.

Што е тоа кое секој кој е засегнат од овој проблем треба да го прави?

Како да се справите со непријатната миризба во вашата уста?


  • На прво место секако е миењето на забите. Редовното миење на забите нема да дозволи појава на непријатна миризба. После секој оброк се препорачува убаво да се четкаат и да мијат забите со паста за заби и да се чистат со медицински конец. На овој начин мали ќе бидат шансите остатоците од храна да останат во устата и да бидат причинители на непријатен мирис. 
    Исто така и нередовното миење на јазикот придонесува за појава на непријатната миризба, затоа што на него се задржуваат голем број бактерии, затоа е препорачливо и тој редовно да се мие.

  • Водата е таа која успешно се спротивставува на бактериите во устата, не дозволувајќи им да се размножуваат. Препорачливо е после секој оброк да се плакне устата со вода, затоа што во влажна средина бактериите немаат шанса да преживеат, а со тоа и појавата на непријатен мирис се намалува неколкупати.

  • Една лажица јаболкова киселина растворена во малку вода и испиена пред оброкот помага во неутрализирање на непријатната миризба во усната шуплина. Како пред оброк, јаболковата киселина може да се пие и после оброк.

  • Каранфилчето е многу моќен антисептик кој успешно се справува со непријатната миризба во устата. Може да се додаде во било кој чај, може да се стави во варено вино, а доколку имате некоја инфекција во устата предизвикана од болен заб, најдобро е секојдневно да шмукате по едно мало гранче каранфилче. На овој начин покрај што ќе ја победите непријатната миризба, истовремено и ќе ја намалите инфекцијата во устата.

  • Жалфијата е тревка која содржи етерични масла и антибактериски својства кои го уништуваат изворот на појавата на непријатен мирис. Може да се подготви како чај и да се пие незасладен неколку пати во текот на денот, може да се користи како средство за плакнење на устата, а може и да се џвака како сиров лист.
    Употребата е по желба и зависи од интензитетот на непријатната миризба во устата.  

  • При посилен интензитет на непријатната миризба во устата како и нејзино почесто појавување се препорачува да се џвакаат листови од анасон. Се џвакаат многу полека со цел убаво да се растворат со плунката. Потоа се голтаат. 
    Наместо да се џвакаат, листовите од анасон можат да се внесат во организмот и преку салати. 
    За постигнување на подобри резултати постапката се повторува неколку пати во текот на денот и повеќе денови едноподруго. 

  • Мастиките исто така се наоѓаат на листата на уништувачи на непријатниот мирис во устата. Барем денес сме преплавени со реклами кои кажуваат дека после секој оброк треба да се џвака добра и квалитетна мастика за да се спречи појавата на непријатна миризба. Затоа, ако сте на свечен ручек или вечера каде немате можност после оброкот да ги миете и четкате забите, најдобро е со вас да си носите мастики и да не стравувате дека устата непријатно ќе ви мириса додека разговарате со вашите соговорници.

Сѐ може да се спречи ако навремено се дејствува и ако се води доволно добра грижа и нега. Така е и со појавата на оваа непосакувана непријатна миризба.
Грижете се навремено за вашето здравје и убавина и не дозволувајте да се најдете во вакви и слични на оваа непосакувани непријатни ситуации. 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 4339 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

11 Мај

11 Мај

Боб Марли е еден од најпознатите и најпочитуваните изведувачи на реге музиката воопшто.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус