Здравје, Здрави навики

Состојки кои им штетат на вашите заби

05 април, 06:51

Грижата и негата на забите не вклучува само редовно миење, четкање на забите, чистење со медицински конец за заби неколку пати во текот на денот и редовна посета на стоматолог за проверка на состојбата на забите. 
Таа грижа треба да биде многу поголема. 

Храната во голема мерка влијае на здравата или нездрава состојба на забите. 

Општо е познато дека благите работи како торти, колачи и бонбони многу штетно влијаат на забите, но веќе е докажано дека и многу други состојки исто толку можат да им наштетат на забите како претходните состојки.

Во групата на т.н. штетници кои неповолно влијаат на состојбата на забите се вбројуваат: кафето и чајот, сувото овошје, цитрусните овошја, разните сокови и тврдите бонбони.

Прочитајте и информирајте се за влијанието кое овие состојки го имаат врз забите и во иднина колку што е можно повеќе избегнувајте ги доколку сакате да имате здрави и бели заби и блескава насмевка.

кафето и чајот се познати како состојки кои најмногу им штетат на забите; покрај тоа што со прекумерна употреба оставаат дамки на забите, тие исто така ги прават забите лепливи, па храната која после тоа би ја внесле во организмот многу лесно ќе се залепи и ќе остане на нив подолго време, што дополнително придонесува побрзо да се јави некој процес на самите заби.

сувото овошје кое е идеална замена за чоколадите и другите слатки состојки изобилува со шеќер, кој пак од друга страна допринесува многу брзо да се развиваат бактериите во устата, при што резултатот е непријатен мирис, а понекогаш се јавува и крвавење на непцата. Ова секако не значи дека не треба да јадете суво овошје, напротив, внесувајте го многу повеќе од чоколадата, но после секое консумирање задолжително мијте ги забите.

цитрусните овошја како што се портокали, мандарини и цитруси, како и доматите кои во својот состав содржат киселини, многу лесно можат да предизвикаат кариес на забите. Продолжете да ги консумирате овие состојки поради нивниот огромен ефект кој го имаат врз здравјето, само после секое јадење неколку пати исплакнете ја устата со вода.

сите сокови и газираните и индустриски преработените, кои во својот состав содржат голема количина на конзерванси и киселини многу штетно влијаат врз забите. Со нивна честа употреба ризикувате вашите заби многу брзо да се расипуваат, а самото тоа повлекува честа посета на стоматолог и појава на неподнослива болка. Затоа колку што можете повеќе избегнувајте ги сите видови на сокови, наместо нив пијте вода, која нема никакви негативни последици врз здравјето.

исто како и соковите и бонбоните, а особено тврдите бонбони многу штетно влијаат на забите и усната празнина. Додека чекате да се стопат тие испуштаат огромно количество на шеќер кое за разлика од соковите многу подолго се задржува во устата, а со самото тоа и шансите за да се расипе некој заб стануваат многу поголеми. Во нивна замена најдобро е да консумирате свежо овошје.

Состојки кои му штетат на вашите заби, Sostojki koi mu stetat na vasite zabi

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2307 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 април

28 април

Денеска се одбележува 50 годишнината од постоењето на Битолски весник.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус