Занимливост, Откритија

Нафта од воздух – одлична идеја

19 ноември, 13:29

Зелените автомобили, кои се очекува во иднина да бидат во огромен број, сè уште ќе можат да работат на гас, но како извор за нивното гориво нема повеќе да се користи нафтата која се ископува од земјата, туку тоа ќе биде гориво кое ќе се добива од воздухот.

Техниката на „вадење” на јаглерод диоксид од атмосферата и неговото мешање со водородот од водената пареа, гориво кое ќе го користат зелените автомобили, е енормно скапо, но некои мали британски компании тврдат дека од август до сега се произведени околу 1,3 литри бензин.

Научниците сé повеќе и повеќе размислуваат за успешно да ја реализираат идејата. На таков начин би се намалило загадувањето на воздухот и во голема мерка би се заштитила животната средина од штетните гасови.

Колку убава би била планетата Земја доколку би се реализирал овој проект.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1806 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

4 Мај

4 Мај
Во 1903 година во Баница, згасна животот на нашиот најголем идеолог, организатор и водач на народноослободителното движење на македонскиот народ, кон крајот на 19 – от и почетокот на 20 –
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус