Занимливост, Убави нешта
Најубавиoт националeн парк во светот - Серенгети
Природата знае да изненади со своите невообичаени предели. Во низата на најубави национални паркови, а најчесто и прогласуван за број 1 национален парк во светот е Националниот парк Серенгети.
Се наоѓа во Африка во регионот Мара. Пред точно еден век, никој не знаеше за постоењето на оваа прекрасна идила. Првиот кој влегува во прекрасниот Серенгети е истражувачот Стујард Едвард Вајт во 1913 година. На гласовната снимка, најпрво изговорил: „Одевме неколку милји по жешката земја, по што ги здогледавме зелените дрвја покрај реката. Изодевме уште две милји и се најдов себеси во рајот“.
Националниот парк Серенгети е основан во 1951 година. Денес, над 90 илјади туристи годишно го посетуваат овој магичен предел.
Екосистемот на Серенгети е најстар на Земјата. Флората, фауната, климатските услови многу малку се променети во изминатите милион години. Ридовите можеби се постари и од човекот. За многумина тој е познат по миграцијата на животинскиот свет која е слична со онаа од античко време. Поради дождовите, животните се преселуваат од северните ридови кон јужните во периодот на октомври и ноември, а потоа ги обиколуваат ридовите кон запад и север во периодот од април до јуни.
Додади коментар