Занимливост, Убави нешта
Најубавите јахти во светот
Овие елегантни убавици беа претставени на изложбата на јахти во Монако минатата година.
Тие се вистински кралици на морињата, создадени за патувања од соништата.
Слободно запловете во светот на луксузот и уживањето.
Diamonds Are Forever – оваа убавица е во сопственост на голем фан на Бонд 007, па оттука доаѓа и името на јахтата.
Vertigo – јахтата која ја доби главната награда за дизајн на изложбата во Монако.
Nirvana – сопственикот на оваа јахта, покрај другите погодности за себе опремил и апартман од 150 м².
Mondango – опремена e удобно да смести 10 гости, а за да се најдете на листата на гостите доволно е само сопственикот да ви биде добар пријател:)
RoMa – убавицата е направена во 2010 година. Има најсовремен ентериер, а цената ѝ е околу 52 милиони долари.
Better Place – со должина од 50 метри, направен од јаглеродни влакна, ова е најголемиот едреник од ваков вид во светот.
La Pelegrina – јахтата долга 164 метри е вистински спој на елеганција, луксуз и убавина.
Mogambo – убавицата долга 74 метри ја доби главната награда во категоријата „Најмоќна супер јахта”.
Silencio – овој прекрасен едреник е долг 50 метри. Направен е во 2001 година.
Додади коментар