Занимливост, Интересно

Не ги фрлајте стаклените шишиња!

19 септември, 06:06

Стаклените вински шишиња од по 1 литар може да ги искористите за декорација во вашиот дом. Може да направите навистина интересни детали кои ќе го привлечат вниманието на вашите гости и ќе го разубават просторот во домот.

 

 

 

Направете необична ограда, фонтана или под во вашата градина, на вашата тераса или во вашиот дом.

Ograda so stakleni sisinja

Обојте го шишето со непрозирна боја, нацртајте или напишете нешто по ваша желба и ставете цвет кој одговара со бојата на шишето. Ќе добите интересна вазна за вашата масичка.

Vazna od stakleno sise

Пресечете го шишето на половина, на неговата површина ставете гумени лепенки и ставете го како украс во саксија или во него ставете светилка која се полни на светлина и поставете ја на вашата тераса или покрај патеката во дворот.

Ukras od stakleno sise

Искористете ги чистите шишиња за сируп или масло, плус во нив ставете извиткано гранче, затворете го шишето и ставете си налепница.

Stakleno sise so sirup

Пресечете го шишето на половина и со горниот дел кој има отвор поклопете ја свеќата. Ќе добиете несекојдневен свеќник.

Sveknik od stakleno sise

Направете интересна саксија. Пресечете го шишето на половина, долниот дел наполнете го со вода, а горниот со земја и во него засадете некој цвет. Деловите ставете ги еден во друг.

Saksija od stakleno sise

Ноќна ламба ќе направите ако во стакленото шише ставите украсни сијалички (како оние за на елка). Како изгледа погледнете на сликата.

Lamba od stakleno sise


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 7350 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

3 Мај

3 Мај

На денешен ден утврдена е македонската азбука која се состои од 31 буква.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус