Новости

Браќа Манаки

14 септември, 12:42

Од 15 до 21 септември во Битола ќе се одржи 33 фестивал ,,Браќа Манаки”. 

На овогодинешниот фестивал учество ќе земат 74 наслови од светската и македонската кинематографија кои ќе бидат распоредени во 9 програмски целини. 

Оваа година, по којзнае колку време пауза, ќе бидат претставени два наши македонски филмови. Филмот ,,ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ” на режисерот Дарко Митревски кој ќе го отвори фестивалот и филмот ,,БАЛКАНОТ НЕ Е МРТОВ” на режисерот Александар Поповски, со кој фестивалот ќе биде затворен. 

Стожер на фестивалската програма е ,,Камера 300". 

Директорите на фотографија на филмовите кои учествуваат во оваа програма се натпреваруваат за Златна, Сребрена и Бронзена ,,Камера 300”. Тоа се официјални фестивалски награди што ги доделува интернационалното жири составено од пет члена. 

Но, жирито исто така ќе треба да одлучи на кого оваа година ќе му ја додели Наградата за животно дело ,,Златна Камера 300”. 

Во склоп на фестивалот ќе се организираат работилници, семинари, дебатни сесии, изложби... 

Повелете, посетете го фестивалот и уживајте во извонредните филмски наслови. 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 820 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус