Новости

Да го направиме уште еднаш ѕвезденото небо за нашиот Тоше

26 септември, 13:07

На 5 Октомври 2007 година на градскиот стадион, денес Арена Филип II, пред 20 илјадна публика Тоше Проески го одржа својот последен концерт. Концерт кој длабоко ќе остане врежан во нашите сеќавања. 

По тој повод, во чест на Тоше и оваа година Интернационалниот Тоше Проески фан клуб, со поддршка од Црвениот Крст на Република Македонија и Фондацијата „Тодор Проески“ организираат крводарителска акција. Акцијата под слоганот „Јас штотуку спасив живот, а вие?“ ќе трае од 10 до 18 часот, а сите заинтересирани може да го остварат своето хумано право во просториите на Фондацијата „Никола Кљусев“, до домот на АРМ. 

Во вечерните часови се најавува граѓански собир на плоштад „Македонија“ со почеток во 20 часот. 

Деновиве низ скопските улици може да го забележите плакатот со ликот на Тоше Проески на двокатен автобус од ЈСП, како најава за одбележувањето на петата година од последниот концерт на нашиот Тоше.

„Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 692 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

14 Мај

14 Мај

Во 1984 година во Њујорк е роден Марк Цукерберг, ко-основачот на социјалната светски позната и користена мрежа Facebook.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус