Новости

Лига на шампиони – Реал се извлече во последен момент!

19 септември, 11:45

Новата сезона од Лигата на шампиони уште на стартот донесе многу возбудувања. Според она што го прикажаа екипите, може да очекуваме возбудливи и непредвидливи натпревари. Еден од највозбудливите натпревари беше дуелот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити (3-2), натпревар во кој ,,Кралевите” издвојуваа победа на само минута пред крајот, со мајсторскиот гол на Кристијано Роналдо.

Во вториот натпревар од групата Д, Борусија го совлада Ајакс со 1-0.

Возбудувања имаше и во групата А каде Пари Сен Жермен славеше над Динамо Киев со убедливи 4-1, а Порто го совлада Динамо Загреб со 2-0.

Во групата Б, Арсенал го совлада Монпеље (2-1), а Шалке го доби дуелот со Олимпијакос (2-1).

Во групата Ц, Малага убедливо го совлада Зенит (3-0), а натпреварот меѓу Милан и Андерлехт заврши без голови. 

Возбудувањата продолжуваат вечер, кога на програмата се останатите 8 натпревари од групната фаза.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 509 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус