Новости

Лига на шампиони - Возбудливо дерби на Стемфорд Бриџ

19 септември, 23:20

Дербито Челзи – Јувентус донесе нови возбудувања во Лигата на шампиони. Во првите триесетина минути од натпреварот Јувентус испушти две шанси, а потоа за само 7 минути паднаа три гола. 

Резултатот се отвори во 31–та минута од натпреварот кога Буфон беше немоќен пред ударот на Оскар, па Челзи поведе со 1-0. 

Само две минути подоцна, Челзи ја зголеми предноста. Оскар, со асистенција на Ешли Кол и одличен дриблинг, повторно ја затресе мрежата на Буфон. 

Во 38-та минута Јувентус се врати во игра со голот на Видал. 

Во второто полувреме Челзи играше смирено и внимателно, a пропуштeната шанса во 79 минута не помина неказнето. 

Јувентус ја надигра одбраната на противникот, стрпливо го градеше нападот и со голот на Квалјарела во 80 минута израмни на 2-2. 

Остатокот од натпреварот помина мирно и без поголеми шанси за промена на резултатот.

Резултати од останатите натпревари во групната фаза

Група Е

Шактор 2-0 Нордсјиланд  

Челзи 2-2 Јувентус

Група Ф

Лил 1-3 Бате Борисов

Баерн 2-1 Валенсија 

Група Г

Барселона 3-2 Спартак 

Селтик 0-0 Бенфика

Група Х

Манчестер Јунајтед 1-0 Галатасарај

Брага 0-2 Клуж


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 524 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

14 Мај

14 Мај

Во 1984 година во Њујорк е роден Марк Цукерберг, ко-основачот на социјалната светски позната и користена мрежа Facebook.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус