Новости

Официјално: Сем Мендес ќе снима нов Бонд филм

12 јули, 10:35


По одлично завршената работа со Skyfall, долго се шпекулираше дека Сем Мендес нема да се јави во улога на режисер во најновиот Бонд филм.

Режисерот беше одлучен кога изјави дека сака да се посвети на театарот и не може да биде дел од екипата на следниот Бонд филм.

Сепак, пред само неколку часа светските медиуми јавија дека и официјално е потврдено: Мендес му се враќа на Бонд и ќе го режира најновиот филм за тајниот агент кој во кината ќе се најде во ноември, 2015 година.

Најновото остварување од серијалот на Бонд ќе биде 24-то по ред.

Новиот Бонд филм ќе ја има веќе докажаната екипа, која покрај извонредниот Мендес како режисер, ги вклучува и сценаристот на Skyfall, Џон Логан, и секако одличниот Даниел Крег во улогата на 007.

Skyfall заработи 1.1 милијарди долари и постигна неверојатен успех, што секако е еден вид гаранција дека истата екипа повторно ќе направи одличен филм.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1651 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус