Занимливост, Интересно

Зошто е опасно мокрењето во базен?!

15 јуни, 07:08

Наскоро сите базени ќе бидат отворени, а децата најмногу ќе се радуваат на нив. Заради уништување на бактериите во водата одржувачите на базенот се должни да користат поголеми колични на хлор. Но, тука се јавува голем проблем со децата и возрасните кои мократ во водата. Што мислите дали треба да го прават тоа? 

Во однос на овој проблем се спроведени повеќе истражувања. Според CDC кога отпадот и урината од пливачите ќе се соединат со хлорот во водата се создава нус-хлорна супстаница која колку повеќе се зголемува толку повеќе почнува да се шири во воздухот и да предизвикува различни иритации (на очите и респираторниот систем).

Американскиот совет за квалитет на водата и здравјето тврди дека хлорот во водата кога ќе се соедини со урината го губи своето анти-бактериско дејство. Поради тоа можат да се јават кожни инфекции, дијареа и воспаленија на уво. Едноставно, урината го спречува хлорот да дејствува. 

Важно е да се напомене дека овие негативни последици се јауваат кога се испушта поголема количина на урина. Но, тоа не значи дека, ако вие мокрите во базенот тоа нема да биде опасно. Истото мислење можат да го имаат уште неколку стотици посетители во текот на истиот ден. 

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1643 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

13 Мај

13 Мај

Во 1986 година во Лондон во Англија е роден славниот актер Роберт Патинсон.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус