Овие се најопасните плажи во светот

19 август, 14:33

Насекаде низ светот постојат плажи во кои капењето е забрането, односно на свој ризик се превзема тоа што евентуално би се случило ако не се почитуваат забраните и предупредувачките знаци кои се поставени на ваквите плажи.

На некои плажи постои предупредување дека постојат силни подводни струи, на некои дека има премногу медузи, на некои се забележани морски крокодили, ајкули, отровни пајаци ...

На овие плажи опасности демнат од сите страни и иако нас сето тоа ни изгледа малку чудно и нереално, тоа навистина се случува бидејќи на жалост постојат голем број на несреќни случаи кои трагично завршиле баш на овие плажи.

Овие се петте најопасни плажи во светот на кои воопшто не е препорачливо да се капете или да пливате, или уште подобро е воопшто и да не ги посетувате.

Чисто информативно имајте информација дека вакви опасни нешта постојат на нашата планета.

plazi, opasni plazi, Avstralija, Queensland, плажи, опасни плажи, Австралија

Queensland, Австралија

Од октомври до април секоја година оваа плажа и останатите плажи на северна Австралија преплавени се со роеви медузи познати како морски оси. Отровот во секундата го совладува пленот и се смета дека е еден од најсмртоносните отрови во светот. Отровот предизвикува неподнослива болка, толку многу силна што ако жртвите се луѓе - поради шокот кој го доживуваат веднаш потонуваат во вода и се дават.
Во една морска оса има доволно отров кој може да усмрти 30 возрасни луѓе.
Од 1883 година па до денес забележани се околу 70 смртни случаи како резултат на убод од морски оси, но науката открила дека киселината е противотров на ваквите смртоносни убоди, па поради тоа на целиот овој дел на Австралија, насекаде по плажите киселината е достапна за секој кој има потреба од неа. Треба да се делува во рок од 2 до 3 минути после убодот, инаку сѐ би било залудно.


plazi, opasni plazi, плажи, опасни плажи, Praia de Boa Viegam, Brazil, Бразли

Praia de Boa Viegam, Бразил

Иако оваа плажа била обична плажа на која десеттина години со ред луѓето без никаков проблем се капеле, од 1990 година е прогласена за екстремно опасна плажа. Причината е појавата на големи морски кучиња кои поради рибарите кои им го уништуваат нивното природно живеалиште, доаѓаат блиску до брегот во потрага по храна. Забележани се најмалку 50 случаи во кои луѓе се нападнати од овие морски ѕверови, а дури 19 од нив завршиле трагично.


plazi, opasni plazi, плажи, опасни плажи, Хаваи, Havai, Hanakapiai

Hanakapiai, Хаваи

Силната морска струја која воопшто не може да се забележи на површината на морето на оваа плажа во овој дел на Хаваи е причината поради која згаснале дури 82 животи.
Често на оваа плажа забележливи се и огромни бранови кои ги предупредуваат потенцијалните пливачи да се држат настрана од овој дел на океанот, бидејќи во силната морска струја воопшто не е возможно да се плива.      


plazi, opasni plazi, плажи, опасни плажи, Gansbaai, Juznoafrikanska republika, јужноафриканска република

Gansbaai, Јужноафриканската република

И покрај тоа што е прогласена за една од најопасните плажи во светот, туристите, оние со голем авантуристички дух сепак се чести посетители на Gansbaai. Плажата е позната по тоа што огромните морски кучиња се чести гости блиску до брегот, па локалните жители дошле до идеа да развијат туризам. Оние кои сакаат да имаат блиска средба со овие стравотни животни влегуваат во сигурносни кафези (за кои не сум баш најсигурна дека се сигурносни) и се дружат со белите морски кучиња. Најчести посетители на оваа плажа се зависниците од адреналин и оние кои сакаат да доживеат поголема авантура, но треба да се напомене дека забележани се и неколку несреќни случаи при дружењето со морските животни.


plazi, opasni plazi, Avstralija, Fraser, плажи, опасни плажи, Австралија

Fraser, Австралија

На изглед оваа плажа личи како рај, но во суштина станува збор за најопасната плажа на која сигурноста не само што е загрозена во вода, туку и на брегот. Водата на ова место изобилува со морски кучиња, отровни медузи, силни морски струи, а на брегот морските крокодили и отровните пајаци секоја година одземаат сѐ повеќе и повеќе човечки животи најчесто поради неинформираноста.
Исто на оваа плажа живеат и 18 врсти на змии од кои една третина се отровни, а една од нив се смета дека е најотровната змија во светот, па поради тоа и набљудувањето од далечина не е препорачливо.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2860 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 април

28 април

Денеска се одбележува 50 годишнината од постоењето на Битолски весник.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус