Ова е ваш живот!

26 октомври, 01:30

Ова е ваш живот. Правете ги работите кои ги сакате и правете ги нив почесто.

Ако не ви се допаѓа нешто, ако нешто не е по ваш вкус, пробајте тоа нешто да го промените во ваша корист.
Ако успеете во тоа браво за вас, а ако не успеете без нервоза продолжете храбро да чекорите понатаму низ животот.

Ако работите работа која воопшто не ве исполнува и во која не можете да се реализирате како личност, работа во која не можете да ги истакнете вашите квалитети и вашите најдобри карактеристики, слободно напуштете ја и побарајте некоја нова, која ќе ги задоволи вашите афинитети.

Ако постојано се жалите дека немате доволно време, престанете да гледате телевизија.

Ако ја барате љубовта на вашиот живот застанете, кога ќе почнете да ги правите работите кои ги сакате, таа самата ќе се појави.

Престанете да анализирате сѐ и сешто. Животот е премногу едноставен. Треба само да бидете мудри за мудро да живеете.

Сите емоции се прекрасни.

Кога јадете ценете го тоа што го јадете до секој последен залак.

Отворете го вашиот ум, вашите раце и вашето срце за нови нешта и нови луѓе, ние сите заедно сме обединети, без разлика на нашите разлики.

Прашајте ја личноста која ќе ја запознаете која е нејзината страст и со неа поделете го вашиот инспиративен сон.

Често патувајте. Да се изгубиш значи да се пронајдеш самиот себе.

Некои можности се појавуваат само еднаш во животот, затоа зграбете сѐ што животот ви го нуди како можност.

Животот е поврзан со луѓето кои ги среќавате и со нештата кои ги креирате со тие луѓе, па затоа излезете надвор од вашиот оклоп, запознавајте нови луѓе, ширете нови пријателства и почнете да креирате нови нешта.

Животот е краток. Живејте го вашиот сон и насекаде ширете ја вашата страст.

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2021 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

27 април

27 април

Во 1986 година, во Скопје е родена Елена Ристеска, еден од најдобрите женски вокали во Македонија, пејачка која успешно работи во земјава и надвор од неа.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус