Здравје, Здрави навики

По природен пат намалете го високиот крвен притисок

17 септември, 07:00

Високиот крвен притисок е проблем со кој се соочуваат сѐ поголем број луѓе во светот.
Кај луѓето кои патат од оваа болест, независно на која годишна возраст се, постојат големи шанси понатаму во животот да имаат проблеми со срцето и крвните садови.
За жал кај овие луѓе поголеми се шансите за добивање на срцев удар - инфаркт или мозочен удар.

По утврдената дијагноза на константно покачен висок крвен притисок, треба секојдневно да се зема препишаната терапија од лекар, а во ситуации кога и таа не помага, постојат природни начини, совети и лекови со кои може да се влијае врз намалувањето на покачениот крвен притисок.

Во продолжение информирајте се како на природен начин можете да го намалите покачениот крвен притисок.
Исто ве советуваме ако имате некакви првични проблеми со крвниот притисок, навреме да почнете да применувате дел од советите од статијата, за да не се доведете до ситуација кога ќе биде предоцна за делување.


- ослабете - намалувањето на телесната тежина не само што позитивно ќе влијае на мускулите и на останатите делови од телото, исто така позитивно ќе влијае и врз работата на срцето. Слабеењето во голема мера влијае врз намалувањето на покачениот крвен притисок.


- движете се - било која физичка активност позитивно ќе влијае врз намалувањето на покачениот крвен притисок. Земете ја контролата во свои раце и движете се колку што можете повеќе.


- спијте 8 часа - редовното и навремено спиење може да го нормализира покачениот крвен притисок. Ако сте недоволно наспани, срцето побрзо работи и паралелно на неговата зголемена работа постои голема шанса да дојде до покачување на притисокот.


- никако алкохол - внесувањето на поголемо количество алкохол во текот на денот за неколку пати ги зголемува шансите за покачување на крвниот притисок. Ако веќе имате проблеми, алкохолот сведете го на минимум.


- никако пушење - никотинот од цигарите го зголемува крвниот притисок и ја зголемува работата на срцето со што артериите имаат намалена функција и се чувствува замор и недостаток на енергија.


- редовно пијте кафе - иако постои мислење дека кафето влијае врз покачувањето на крвниот притисок, со научни испитувања се докажа дека кофеинот од кафето воопшто не влијае на притисокот. Поради тоа продолжете без никаков проблем да уживате во неговиот вкус и арома.   


- подобрете ја исхраната - избегнувајте мрсна и брзо зготвена храна. Повеќе јадете овошје и зеленчук. Веќе научно е докажано дека овие состојки содржат флавоноиди кои многу ефикасно го намалуваат покачениот крвен притисок.


- никако сол - намалувањето на внесувањето на солта во исхраната е во директна врска со намалувањето на покачениот крвен притисок. Избегнувајте ја колку што можете повеќе.


- намалете го стресот - било какви ситуации кои предизвикуваат стрес се директно поврзани со зголемувањето на крвниот притисок. Адреналинот кој се лачи за време на некоја стресна ситуација ги притиска крвните садови и ги зголемува отчукувањата на срцето, со што во истиот момент настанува покачување на притисокот.

Не само за крвниот притисок, туку општо за целокупното здравје препорачливо е да се избегнуваат секакви стресни ситуации.

Во ова денешно време кога стресот ни стана секојдневие, не знам колку е возможно тоа, но сепак мислам дека вреди да се проба стресот да се сведе на минимум. 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3719 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус