Здравје, Здрави навики

Подгответе здрава крема за депилирање

27 август, 06:22

Несаканите влакна на телото можете да ги отстраните лесно без никакви последици со шеќерната депилација. Многу подобро решение за отстранување на влакната отколку бричењето.

Специјалните креми за депилирање мирисаат непријатно. Тоа се должи на грубите хемиски супстанции од кои се изработуваат, поради што и на нивното упатство пишува дека мора да ја тестирате вашата кожа пред да се депилирате. За да ги избегнете несаканите алергиски реакции и големите трошоци за депилација, ве советуваме сами да подготвите крема за депилирање.

Домашната депилација е стара појава која потекнува од древниот Египет, која и денес се практикува меѓу луѓето. Ја практикуваат и мажите и жените.

Состојки: 

  • 2 чаши шеќер
  • ¼ чаша вода
  • ¼ чаша лимон

Подготовка:

Трите состојки измешајте ги заедно и оставете ги на тивок оган додека да зоврие смесата. Потоа затворете го садот и оставете го да се излади.

Со шеќерната депилација ќе го решите проблемот со несаканите влакна за 4-6 недели. 

Употреба: 

Шеќерната депилација се прави слично како и депилацијата со восок. Нанесете од смесата на местото од каде сакате да ги отстраните несаканите влакна и над смесата ставете чисти ленти направени од платно. Влечете секогаш обратно од растот на влакното. Не се премачкувајте цели одеднаш за да немате голема болка и за да ги извлечете влакната подобро. Пред да се депилирате измијте го местото и не нанесувајте лосиони. 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 3215 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 Мај

19 Мај
Во 1962 година во САД, светски познатата пејачка Мерлин Монро, во чест на 45 - от роденден на тогашниот претседател Џорџ Кенеди, го испеа препевот на песната „Happy Birthday Mr. President”
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус