Позитива

За сите оние кои го сакаат Божиќ...

03 јануари, 10:43

Во овој период од годината насекаде околу нас се чувствува магијата на Божиќ, денот на Христовото раѓање.

За да ви го разубавиме денот и да ви доловиме дел од магијата, дозволете да ви раскажеме една едноставна приказна за Божјата милост и љубов.

Една ноќ еден човек сонувал многу необичен сон, сонувал како чекори по песочна плажа заедно со Бог, а пред себе ги гледа сите поважни моменти од својот живот.

Додека пред очите му се менувале сликите од минатото, човекот забележал дека речиси секогаш покрај неговите биле и стапалките на Бог, кој го следел секој негов чекор.

Само во неколку животни ситуации, и тоа во најтешките, човекот забележал само еден пар стапалки.

Тоа многу го натажило па го прашал Бог зошто цел живот бил покрај него, а во најтешките мигови го оставал сам.

На тоа Бог му одговорил: „Мое драгоцено чедо, никогаш не сум те напуштил. Ако во најтешките мигови од животот забележа само еден пар стапалки, тоа е затоа што токму во тие мигови не те оставив да чекориш туку те носев во своите раце”.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 5977 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

21 Октомври

21 Октомври

Слободата како збор постоел од дамнина, но во историјата за прв пат се појавува јавно напишан на знаме во 1774 - та година.

© 2021 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус