Забава, Вицотека

Правилна исхрана

17 август, 07:02

Мујо чувал свињи в село и еден ден му дошле некои луѓе облечени во бело:

- Добар ден!

Добар ден!

- Имате свињи?

Да, имаме, имаме.

- Дали ги храните?

Да, секако ги храниме.

- Со што?

Децата одат собираат ѓубре, отпадоци, помија, и така свињите се задоволни. 

- 1000 евра казна!

Што?!

- Ние сме од одделението за заштита на животни, а вие ги храните свињите со ѓубре, засрамете се!

Немајќи избор Мујо им платил 1000 евра. По некое време, повторно доаѓаат луѓе, ама сега во црвено.

- Добар ден!

Добар ден!

- Имате свињи?

Да, имаме, имаме.

- Дали ги храните?

Да, секако ги храниме.

- Со што?

Жена ми им вари сарма, им даваме чоколади. Да ви кажам прво јадат свињите, па после ние. 

- 10.000 евра казна!

Како казна, зошто?

- Ние сме од организацијата за заштита на луѓето. Во светот луѓето немаат што да јадат, а вие на свињите им давате сарма, чоколади...

Пак Мујо си ја платил казната. По кратко време доаѓаат нови, тие во црно.

- Добар ден!

Добар ден!

- Имате свињи?

Да, имаме, имаме.

- Дали ги храните?

Да, секако ги храниме.

- Со што?

Им давам пари да одат да си купат тоа што сакаат!

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2536 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 Мај

18 Мај
Во 1872 година во селото Влахи, Мелничко, во Пиринска Македонија, денешна Бугарија, е роден Јане Сандански, еден од најистакнатите македонски револуционери, познат и почитуван војвода и одличен раково
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус