Прекрасни макро фотографии од полжавчиња
Колку е само волшебно прекрасна оваа наша чудесна Земја.
Убавини има насекаде околу нас, но само оние кои се со чиста душа и отворен ум можат да ги забележат.
Помеѓу големиот број луѓе кои на некаков начин ја овековечуваат убавината на природата спаѓа и Украинскиот фотограф Вјачеслав Мишенко чии фотографии се доказ дека токму природата е семоќна.
Фотографирајќи ги кревките делови на природата во која живеат слатките мали суштества како што се инсектите, водоземците, полжавчињата и многу други видови, овој фотограф ни го открива нивниот интимен и чувствителен макро свет.
Колку се само слатки полжавчињата кои се бакнуваат, или пак тие кои ја истражуваат природата, или пак оние кои се лизгаат по кревките стебленца ...
Прекрасни и воодушевувачки се фотографиите на Вјачеслав бидејќи нивната едноставност и убавина може да допре до секој човек.
Но не се само полжавчињата тие кои се во фокусот на овој неверојатно талентиран фотограф, во неговата колекција која можете да ја посетите на http://vyacheslav1964.35photo.ru/ ќе забележите дека и гуштерчињата, бубамарите, пеперутките и многу други мали животинчиња се негова опсесија.
Погледнете ги фотографиите, уживајте во нивната убавина и осознајте го и откријте го светот на еден поинаков начин.
Додади коментар