Никогаш не би помислиле дека ова се дигитални фотографии
10 јуни, 06:58
Талентираниот фотограф Изабела Менин создава прекрасни фотографии од природно цвеќе кои наликуваат на делата на големите мајстори на сликарството.
Свежите цветови се рефлектираат во водата со што се создава магловит ефект на помешани бои, токму како оние кои сликарите ги нанесуваат на платната.
Изабела ја доловува врската меѓу природната светлина, сенките, текстурата и рефлексијата, а крајниот резултат се уникатните фотографии кои воодушевуваат со својата несекојдневност и експресивност.
извор: Мој Портал
автор: Stojanovska Elena
Оваа вест е прочитана 2200 пати.
Додади коментар