Рецепти
Козињак
11 април, 11:12
6 јајца
250 гр. шеќер
250 мл. масло
1/2 литар млеко
2 надојдени квасци
100 гр. суво грозје
1 ½ кг. брашно
изрендана кора од 1 лимон
Јајцата и шеќерот убаво се бијат со миксер како за торта. Потоа им се додаваат маслото, млекото, квасците, сувото грозје, ренданата кора од лимонот и постепено се додава брашното.
Тестото се остава да отстои ½ час за да надојди. Откако ќе надојди, се дели на 15 мали топчиња. Од секое топче се прават долги ленти.
Со по 3 ленти се плетат 5 плетенки и се оставаат да отстојат ½ час. Откако ќе отстојат, се премачкуваат со изматено јајце и им се става сусам.
Плетенките козињак се печат 45 минути на 185 степени.
извор: Мој Портал
автор: Jakimova Jasmina
Оваа вест е прочитана 12928 пати.
Додади коментар