Животен стил, Кујна, Рецепти

Салата со свежа брокула

08 јуни, 18:50

Состојки:

  • 2 парчиња брокула
  • 1 црвен кромид
  • 250 гр сланина (свежа)
  • 150 гр сечкани бадеми (на тенки листови)
  • 150 гр суво грозје
  • 100 гр бел шеќер
  • 200 мг мајонез
  • 2 лажици бел вински оцет

Подготовка:

Испржете ја сланината на тивок оган на тенки парчиња.  Откако ќе се излади исечкајте ја на поситни парчиња. Внимавајте, сланината треба да биде крцкава. 

Брокулата исечкајте ја на средни парченца, а кромидот на тенки полукругови. 

Во подлабок сад ставете ги сланината, брокулата, кромидот, сувото грозје и сечканите бадеми и полека промешајте. 

Во друг сад ставете го мајонезот, шеќерот и винскиот оцет. Добро промешајте ја смесата рачно.

Можеби изгледа невообичаена комбинацијата шеќер, мајонез и вински оцет, но е многу вкусна. 

За крај додадете ја смесата со мајонезот во садот со брокулата и добро промешајте. Оставете да отстои 2 часа во фрижидер, по што салата е готова.

Добар апетит!


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 7981 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 април

28 април

Денеска се одбележува 50 годишнината од постоењето на Битолски весник.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус