Салата со изварка

07 октомври, 06:37

 

 

 

 

 

 

Состојки:
½ кг. изварка
3 - 4 мали кисели краставички
3 - 4 тркалца шунка (за тие кои не јадат сувомесни производи, шунката може да се замени со 2 средно големи рендани моркови)
1 лажица мајонез
1 лажица сенф
3 - 4 чешниња сечкан или толчен лук
1 киска ситно сечкан магданос
малку сол
малку масло

Подготовка:
Во сад се става изварката и убаво се мати со миксер. Потоа во неа се додаваат сите останати состојки една по една, со постојано мешање. Добиената салата се остава малку во фрижидер за убаво да се соединат сите состојки и потоа се сервира.

Оваа салата со изварка може да се послужи и како предјадење.

Пријатен апетит!

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 13903 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 април

29 април
Во 1958 година е родена прекрасната Мишел Фајфер, холивудска актерка која се прослави со улогите во филмовите „Лице со лузна” (каде глумеше покрај Ал Пачино), „Враќањето на Бетмен&rd
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус