Салата со туна и макарони

09 август, 00:09

Во овие летни денови кога температурите знаат да бидат превисоки најдобро е да избегнувате да консумирате месо и месни производи, бидејќи бактериите многу брзо и лесно се размножуваат токму во ваквите производи, па така можат да предизвикаат некој сериозен здравствен проблем.

Ако сакате да бидете здрави и ако сакате здраво да се храните, но при тоа не можете да се одвикнете од месо, тогаш месото заменете го со риба и многу зеленчук.  

Рецепти за подготовка на риба има многу.
Нашиот денешен предлог рецепт е комбинација на риба со тестенини, но вие секако можете рибата да ја комбинирате на начин кој вас најмногу ви одговара.

Салатата од туна и макарони може да се консумира како салата, како што е и самото име, но може да се јаде и како главен оброк, при што секако лебот не треба да е во комбинација.
Се подготвува многу лесно и брзо и не бара некое дополнително кулинарско познавање.
Секој што сака да го проба вкусот на оваа салата може сам да ја подготви.
 
Овие се состојките кои ви се потребни и начинот за подготовка на оваа вкусна салата од туна и макарони.

Потребни состојки:
370 гр. туна од конзерва
500 гр. макарони
250 гр. мајонез
300 гр. кисели краставички
400 гр. кисела павлака
30 гр. грашок
Сол
Црн бибер

Подготвка:
Најпрво макароните се варат, се цедат, се плакнат со ладна вода и се оставаат убаво да се изцедат и оладат. Потоа се префрлаат во поголем сад, па се додава уабво иситнетата туна. Краставичките ситно се сечкаат а грашокот се вари. Потоа заедно двете готови состојки се додаваат во макароните. Салатата убаво се меша за убаво да се соединат сите состојки.
Во друг сад настрана се мешаат мајонезот и киселата павлака и смесата се става во големиот сад со макароните.
Убаво се мешаат сите состојки, се проверува вкусот на салатата и ако треба се зачинува со сол и црн пипер.
Наздравје и пријатетн апетит!


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 10493 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 април

29 април
Во 1958 година е родена прекрасната Мишел Фајфер, холивудска актерка која се прослави со улогите во филмовите „Лице со лузна” (каде глумеше покрај Ал Пачино), „Враќањето на Бетмен&rd
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус