Животен стил, Кујна, Рецепти

Потпечени макарони со карфиол и брокула

29 август, 07:12

Состојки:
350 гр. макарони
половина главица карфиол
половина главица брокула
една главица кромид
2 лажици масло
200 гр. бешамел сос
30 гр. рендан кашкавал
шафран
путер
сол

Подготовка:

Поделете ги карфиолот и брокулата на цветови и варете ги на пареа 10 до 12 минути. На крајот од варењето треба да останат крцкави но и да омекнат.

Излупете го кромидот и исечкајте го на парчиња, па пржете го на 2 лажици масло сѐ додека не порумени. Додајте ги цветовите карфиол и брокула и оставете ги да се пропржат. Потоа посолете ги и тргнете ги од оган.

На оган ставете сад со поголемо количество вода. Откако ќе зоврие водата, посолете ја и додајте малку шафран. Потоа во неа ставете ги макароните. 
Откако ќе се сварат, исцедете ги и префрлете ги во намастена тава. Додајте го карфиолот и брокулата и полијте ги со претходно подготвен бешамел сос. Внимателно измешајте ги, посипете ја површината со рендан кашкавал и ставете ја во претходно загреана рерна да се печат 20 до 30 минути, додека површината не стане црвена и крцкава.

Откако ќе се изладат консумирајте ги со чаша добро црвено вино.

Пријатен апетит!


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 7199 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 април

28 април

Денеска се одбележува 50 годишнината од постоењето на Битолски весник.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус