Здравје, Здрави навики

Со здрава храна и здрави навики до здрав живот

05 јули, 15:41

Информирајте се што треба да правите ако сакате да имате здрав живот. Која храна и каков чај треба да ги консумирате за да го заштитите вашето тело од болести.

Стекнете здрави навики и применувајте ги до крајот на вашиот живот.

Овие се само еден мал дел од многубројните здрави навики, но сосема се доволни како за почеток.

 


Чај - чајот од нане содржи хеспередин - моќен антиоксиданс, кој за 52% го намалува оксидативниот стрес и воспалението со шеќерната болест. 
Заштитете се од оваа непосакувана болест со консумирање на незасладен чај од нане.

So zdrava hrana i zdravi naviki do zdrav zivot, со здрава храна и здрави навики до здрав живот, чај, caj


Здрава ужина за дремка - истражувачи на Тајван открија дека кивито може да помогне околу спиењето. Кога луѓето кои страдаат од несоница би јаделе по 2 киви еден час пред да легнат, секоја вечер во период од две недели, би заспале за 35% побрзо. Кивито ја содржат супстанцата серотонин, хемикалија која го регулира циклусот на спиење.

So zdrava hrana i zdravi naviki do zdrav zivot, со здрава храна и здрави навики до здрав живот, kivi, киви


Зголемете ја мускулната маса - мускулите помагаат при метаболизирање на шеќерите во крвта, со што се намалува ризикот од појава на голем број на болести. Вежбајте умерено и имајте здраво и убаво оформено тело.

So zdrava hrana i zdravi naviki do zdrav zivot, со здрава храна и здрави навики до здрав живот, мускули, muskuli


Не пресолувајте - доколку имате висок притисок, треба внесувањето на сол да го одржувате под 1500 мг. дневно (вообичаено се внесува по 3000 мг. дневно). 
Но фактот што натриумот се крие во многу прехранбени продукти ја отежнува контролата на неговото внесување. 
Здравствените служби предупредуваат дека токму тие прехранбени продукти се одговорни за повеќе од 40% од дневното консумирање на натриумот.
Поради тоа јадете повеќе свежи производи, а кога купувате готови прехранбени продукти, детално прочитајте ги податоците кои се наведени на амбалажата.

So zdrava hrana i zdravi naviki do zdrav zivot, со здрава храна и здрави навики до здрав живот, sol, сол


Почнете да грицкате - ако во исхраната додадете ореви можете да се заштитите од опасните последици на дијабетесот. 
Во една студија која неодамна е спроведена е дојдено до заклучок дека луѓето кои боледувале од дијабетес тип 2, а јаделе по една рака ореви секој ден, имале многу постабилно ниво на шеќер во крвта. 
Со замена на јагленохидратите со здрави масти, можете да го регулирате нивото на шеќер во крвта, а со тоа да го држите дијабетесот подалеку од вас. 

So zdrava hrana i zdravi naviki do zdrav zivot, со здрава храна и здрави навики до здрав живот, ореви, orevi


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 7374 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус