Што им штети на коските?

24 мај, 07:30

 

 

 

 

 

 

Грижата за здравјето на коските не смеете да ја запоставите. Но, знаете ли што им штети на коските, а вие секојдвено го конзумирате? Тоа се следните состојки кои се неизоставен дел од вашата исхрана:

  • Кофеин – влијае врз способноста за апсорбција на кофеинот, така што при поголемо количество на кофеин, калциумот се исфрла преку урината. Дозволено е понекогаш да се напиете кафе, но не секојдневно и во големи количини.
  • Газирани сокови – поради состојките кои ги содржат, овие пијалоци ја отежнуваат апсорбцијата на калциум.
  • Сол – овој додаток во исхраната воопшто не е здрав за човечкиот организам, затоа треба да се избегнува. Солта го поттикнува губењето на калциум преку урината и преку потта. Бидејќи е тешко да конзумирате храна без сол, потрудете се да ја конзумирате во мала количина, само кога е неопходна. 
  • Алкохол – може да предизвика губење на коскената маса, а на крај може да доведе до ослабнување на коските и мали скршеници. 
  • Протеини – нивното значење за организмот е големо, но само кога е во разумни граници. Преголемото количество на протеини во организмот предизвикува нарушување на pH вредноста во организмот и растворање на киселините. Тоа им штети на коските, но и на целиот организам. 

автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1532 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

27 април

27 април

Во 1986 година, во Скопје е родена Елена Ристеска, еден од најдобрите женски вокали во Македонија, пејачка која успешно работи во земјава и надвор од неа.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус