Здравје, Здрави навики

Што кажува насмевката за вас?

06 јуни, 09:54

Оралното здравје има големо влијание врз организмот. Здравјето на усната пранина, забите и непцата е тесно поврзано со другите органи.

Доколку вашата насмевка открива здрави заби, не грижете се. Но доколку имате проблеми со забите и непцата, а не посетувате редовно стоматолог, тогаш навистина треба да помислите на вашето здравје.

Многу студии од различни универзитети ширум светот болестите на забите и непцата ги поврзуваат со некои од најтешките заболувања. Иако некои од студиите треба дополнително да се проучат, сепак останува фактот дека болестите на забите и непцата може да предизвикаат сериозни здравствени проблеми.

Срцев и мозочен удар
Многу студии дошле до исти резултати: воспалението и бактериите на забите и непцата одат во крвототкот, ги задебелуваат крвните садови и го зголемуваат ризикот од срцев и мозочен удар.

Дијабетес тип 2
Студиите покажуваат дека луѓето кои имаат поголеми воспаленија и инфекции на непцата и забите и страдаат од парадонтоза, имаат поголем ризик да заболат од дијабетес тип 2, за разлика од оние кои имаат добро орално здравје.

Болести на дишните патишта
Бактериите кои поради парадонтоза или други болести на непцата и забите се таложат во горниот дел на грлото, лесно може да продрат до дишните патишта. Овие бактерии предизвикуваат воспаление на белите дробови, акутен бронхит и ред други респираторни болести.

Некои истражувања, болестите на забите и непцата ги поврзуваат и со рак на дојката и тешкотии при породувањето, но овие студии не се 100% докажани и потврдени.

Во секој случај, негрижата за забите може да доведе до сериозни болести, а лекот за добро орално здравје на сите ви е добро познат.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1887 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

13 Мај

13 Мај

Во 1986 година во Лондон во Англија е роден славниот актер Роберт Патинсон.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус