Здравје, Здрави навики

Здрава храна или стоматолог

12 февруари, 06:22

Голем дел од храната која секојдневно ја внесуваме се претвора во киселини под дејство на бактериите кои се наоѓаат во устата. Овие киселини ги напаѓаат забите и предизвикуваат кариес, воспалување на непцата (гингивит) и парадонтоза.

Правилниот избор на храна ќе ги заштити непцата и забите, а благодарение на ваквиот начин на исхрана поретко ќе имате потреба од стоматолог и ќе ги зачувате забите долго време.

 

Храната која ги штити забите особено се препорачува за луѓе кои често се соочуваат со расипување на забите, но и за сите оние кои сакаат да делуваат превентивно и да го зачуваат своето здравје.

Еве што треба да јадете за да имате здрави заби:

Јаболка
Само 1 јаболко дневно убаво ќе ги исчисти забите, ќе направи масажа на непцата и ќе ве оддалечи од вашиот стоматолог.

 

Портокали
Портокалите и цитроните содржат голема количина витамин Ц кој помага во зајакнување на крвните садови и сврзното ткиво, ја зајакнува вилицата и благопријатно делува при воспаленија, со што го спречува или забавува процесот на гингивитис.

 

Лосос
Оваа вкусна риба е богат извор на витамин Д кој има клучно значење за оралното здравје.
Витаминот Д му овозможува на телото да апсорбира и користи калциум и хранливи материи кои ги штитат забите и непцата. Лососот сам по себе е најдобриот начин до максимум да се искористи моќта на витаминот Д.

 

Кромид
Свежиот, сиров кромид ги уништува бактериите во устата,  со што забите се заштитени од штетните киселини.

За здрави заби и добро орално здравје треба да внесувате и млеко, зелен чај, целер и сусам.

Млекото особено се препорачува за жените, бидејќи тие, за разлика од мажите, повеќе се склони кон парадонтоза, па неопходно е секојдневно да внесуваат калциум.

Кога изборот ќе се сведе на дисциплина во исхраната или стоматолог, сите знаеме што побрзо би избрале, нели?

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2146 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 април

28 април

Денеска се одбележува 50 годишнината од постоењето на Битолски весник.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус