Здравје, Здрави навики

Што покажуваат ноктите за вашето здравје?

07 јули, 07:00

Кога сакаш да процениш некој човек ќе го погледнеш во очите и ќе ја видиш неговата душа, а кога ќе погледнеш во неговите нокти ќе дознаеш сѐ за неговото здравје. За лекарите ноктите можат да бидат најдобриот доказ за состојбата на нивниот пациент. Следејќи ја промената кај нив и вие треба да знаете да ја процените својата здравствена состојба. Во медицината бројни случаи на болести или недостатоци на витамини се откриени преку ноктите.

 

Бледи краеви на ноктите – анемија или проблеми со црниот дроб

Хоризонтални ребра т.е. линии по површината на ноктот – проблеми со циркулацијата или дијабетес. Може да се јави и како последица на тешка болест, настинка или пневмонија (воспаление на белите дробови).

Вертикални испакнатини – не се загрижувачки, понекогаш се јавуваат поради недостаток на железо.

Суви и кршливи нокти – недостаток на витамин А или недостаток на железо

Надвиснати нокти – недостаток на протеини и витамин Ц или фолна киселина

Бели ленти – недостаток на протеини

Разделување на ноктот – недостаток на хлороводордна киселина 

Вдлабнувања на ноктот – можен знак за псоријаза (воспалително нарушување)

Затемнување на ноктите – недостаток на витамин Б12

Бели дамки на ноктите – недостаток на цинк

Жолти и дебели нокти со бавен раст – можен показател за проблеми со белите дробови

Темно жолти нокти со сина боја во основата – можен знак за дијабетес

Половина бел, половина розов нокт – можен показател за проблеми со бубрезите

Црвени делови на ноктите – можен показател за срцеви заболувања

Брановидна површина на ноктот – можен показател за псоријаза или артритис (хронично воспаление на зглобовите)

Превртување на ноктите – можен показател за проблеми со белите дробови

Црвени линии во основата на ноктот – можен показател за болести на сврзното ткиво (лутус)

Темни линии под ноктите – можен показател за болеста меланом

Раздвојување на ноктите од подлогата – можен показател за болест на тироидната жлезда, псоријаза или алергиска реакција на ноктите на некои производи.

Погледнете во вашите нокти и откријте дали некоја од погоре наведените појави е присутна кај нив. Навременото откривање на проблемите во организмот е добар почеток кон подобро здравје.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 7194 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

27 април

27 април

Во 1986 година, во Скопје е родена Елена Ристеска, еден од најдобрите женски вокали во Македонија, пејачка која успешно работи во земјава и надвор од неа.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус