Што кажува бојата на косата за вас?

27 септември, 06:04

Блондинките се помалку паметни од бринетите, но затоа пак блондинките повеќе се забавуваат!

Се разбира дека не е така бидејќи бојата на косата нема никаква поврзаност со коефициентот на интелигенција.

Историјата покажала дека жените со руса коса се исто толку паметни колку и оние со темна коса, а дека и бринетите знаат да се забавуваат.


Иако вашата боја на коса не кажува ништо посебно за вас, во очите на спротивниот пол има одредено значење.

Универзитетот од Вестминстер, Велика Британија, спровел истражување во кое била вклучена само една жена со светла боја на косата. Жената посетувала ноќни клубови каде стекнувала нови познанства, и секогаш имала друга боја на косата, обоена од професионалци за да изгледа природно.

Резултатите од истражувањето покажале дека на мажите најмногу им се допаѓала како бринета која ја доживувале како комплетна личност, потоа како црвенокоса и на крај како блондинка.

Само 10% од светската популација има природно руса коса, па може слободно да кажеме дека блондинките се вистинска реткост. Од друга страна, многу од нив ја обојуваат косата со темна боја, мислејќи дека ќе бидат сфатени посериозно и ќе изгледаат попрофесионално.

Можеби во очите на другите вашата боја на коса кажува нешто за вас, но во реалноста нема никаква врска со вашата личност и вашите способности. Слободно обојте ја косата во бојата која ви се допаѓа и бидете тоа што сте.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2073 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 Мај

18 Мај
Во 1872 година во селото Влахи, Мелничко, во Пиринска Македонија, денешна Бугарија, е роден Јане Сандански, еден од најистакнатите македонски револуционери, познат и почитуван војвода и одличен раково
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус