U2 во трката за Оскар

17 јануари, 11:45

Академијата ги објави номинациите за претстојниот Оскар, а меѓу кандидатите за престижната награда се најдоа дел од филмовите за кои и се очекуваше да бидат номинирани во повеќе категории.

„Гравитација”, „12 години роб”, „Волкот од Вол Стрит” се дел од кандидатите кои на 2 март ќе се борат за Оскар.

Не помалку внимание привлекуваат и номинациите за оригинална музика.

Во трката за Оскар се најдоа U2 со нивната „Ordinary Love”, насловна тема од филмот за Мандела, која веќе го освои Златниот Глобус во истата категорија.

Покрај U2, за најдобра песна се номинирани и Фарел Вилијамс за „Happy”, насловна нумера од „Despicable Me 2”, Идина Мензел за прекрасната нумера „Let It Go” од дизниевиот „Frozen”, Карен О за „The Moon song” од филмот насловен како „Her”.

Најголемото изненадување е номинацијата на Џ. Е. Тада и нумерата „Alone yet, not alone” од истоимениот филм, која според многумина не заслужува да се најде на листата номинирани песни, особено ако се земат предвид одличните нумери на Колдплеј (Игри на гладните) и Лана Дел Реј (Големиот Гетсби).

Како и да е, номинациите се завршени, а до прогласувањето на победникот останува само да слушнеме како звучат номинираните оригинални песни.

 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1584 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 Мај

18 Мај
Во 1872 година во селото Влахи, Мелничко, во Пиринска Македонија, денешна Бугарија, е роден Јане Сандански, еден од најистакнатите македонски револуционери, познат и почитуван војвода и одличен раково
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус