Убава наша

Вевчани – рајот под Јабланица

18 мај, 07:37

Кога ќе тргнете од Струга, низ селата Враништа и Велешта, патот ќе ве однесе до Вевчани, на падините на Јабланица, некаде на 800 м. надморска висина.

Легендите велат дека Вевчани е стара населба, формирана некаде кон крајот на VI век, а ја основале браќата Калан и Алула.

Примамени од убавината на Вевчанската Река, браќата создале две населби кои опстанале и  денес, а жителите на Вевчани не паметат некое момче од едното маало да се ожени со девојка од другото, токму поради преданието за роднинската врска помеѓу основачите на двете населби.

Ова мало, како од Бога дадено парче земја во југозападниот дел од Македонија, е вистински рај за љубителите на природата, на традицијата и духот на христијанството.

Недопрената природа, автентичниот амбиент, традиционалната храна, љубезноста на домаќините, сè е некако подредено на она што значи македонско, исконско, вековно.

Кога ќе се изморите од прошетката, Вевчанската Река ќе ве разлади и освежи, а тука, во закрилата на планината, звукот на водата од седумте извори ќе ви раскажува за убавината, уживањето, душевниот мир.

Ако слушате внимателно, можеби ќе дознаете некоја од многуте легенди поврзани со Вевчани и изворите, ќе ја доживеете радоста на Вевчанци од фрлањето на крстот за Водици, ќе се сретнете со жителите на околните села кои полнат вода за здравје и среќа.

И само тука, на надморска висина од 960 м. ќе ја почувствувате моќта и убавината на природата, ќе станете дел од Вевчани, дел од македонската историја.

А кога ќе се вратите дома, во секојдневието, уште долго ќе раскажувате за престојот во Вевчани, додека помислата на она што сте го виделе и доживеале ќе ви мами насмевка и ќе ве навраќа на миговите на вистинско уживање.

 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 8032 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус