Вечерва започнуваат „Струшки вечери на поезијата”

23 август, 15:46

Со традиционалното читање на неповторливата „Т’га за југ” од Константин Миладинов, денес во Струга, пред Центарот за култура ќе започнат 51-те „Струшки вечери на поезијата”.

На една од најголемите поетски манифестации во светот, која се одржува во Струга, ќе учествуваат околу шеесетина домашни и исто толку странски поети. Своето присуство досега го имаат потврдено поетите од: Франција, Индија, Куба, Ирак, Азербејџан, Мароко, Сирија и од многу други држави.

Учесниците на овогодинешниот фестивал ќе имаат можност и да се запознаат со културата и традицијата на нашата држава, посетувајќи повеќе наши градови.

На фестивалот, помеѓу другите награди, се доделуваат и најголемото признание за целокупна поетска дејност „Златен венец” и наградата „Браќа Миладиновци” која ќе се додели за најдобра поетска книга на македонски јазик.

Манифестацијата ќе трае се до 28 август, кога во Друштвото на писатели на Македонија добитникот на „Златен венец” ќе биде прогласен за почесен член на македонската поетска асоцијација.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 786 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 Мај

18 Мај
Во 1872 година во селото Влахи, Мелничко, во Пиринска Македонија, денешна Бугарија, е роден Јане Сандански, еден од најистакнатите македонски револуционери, познат и почитуван војвода и одличен раково
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус