Величествената убавина на дивите животни
Шпанската фотографка Марина Кано е новата најпопуларна фотографка. Нејзините фотографии за многу кратко време го обиколија светот и станаа хит. И со право сето тоа се случува, затоа што фотографиите на кои се прикажани диви животни кои Марина многу успешно ги фотографирала, се прекрасни и воодушевувачки.
Патувајќи низ Африка и Европа Марина фотографирала животни во нивна природна состојба, извршувајќи некои дневни активности кои се карактеристични за животните.
Едноставно таа со фото апаратот успеала да фати и да пренесе делови на фотографијата од животот на животните.
Нејзините фотографии се реалистични и моќни, полни со живот и пренесуваат силна порака до човештвото, а таа е дека секое живо суштество кое Бог го створил на оваа планета, има некаква функција и должност која треба да ја изврши и има право да биде живо.
Никој не смее и не треба да ги убива и злоупотребува животните бидејќи и тие како и секое човечко суштество имаат право на живот.
Доказ дека фотографиите се моќна алатка преку кои се пренесуваат пораки се токму овие фотографии на Марина, па затоа ви предлагам да ги погледнете и да се уверете и самите во тоа.
Додади коментар