Животен стил, Живеј квалитетно

Вежби кои може да ги правите и додека работите

25 ноември, 00:10

Иако секој човек ја посакува канцелариската работа, забораваме дека секоја професија има своја цена.

Канцелариските услови, како што се: вештачка светлина, затворена просторија, ниска физичка активност, задолжително седење на работното столче, користењето на компјутери, ја црпат вашата енергија.

Секоја работа има своја тежина, затоа прилагодете се на темпото и начинот на живеење практикувајќи вежби кои нема да ви одземат многу време, а ќе ви помогнат да ја зачувате вашата енергија.

-На секои 20 минути направете мало раздвижување на мускулите. Доволно е да станете, да ги размрдате рацете, да го исправите грбот и полека да го истегнете вратот. Овие вежби ќе ви одземат само една минута, а болката во грбот и мускулите ќе се намали, со што повторно може да ѝ се вратите на работата.

-Иако столчињата се класичен предмет кој мора да се има во канцеларијата, сепак вашето тело не ги прифаќа. Земете гумена топка и користете ја како ваше столче. Седењето на оваа топка ќе им овозможи на мускулите да се движат додека вие сте задлабочени во работните обврски. Зошто? Секогаш кога телото ќе почувствува потреба од размрдување ќе може лесно да се движите напред-назад, лево-десно.

-За време на работната пауза раздвижете го телото. Наутро потрудете се да пешачите од својот дом до работа, така ќе се подобри циркулацијата на крвта, желбата за сон ќе исчезне со што ќе се зголеми вашата енергија. Во текот на денот се препорачува да правите најмалку 10.000 чекори.

-Со секое кафе потребно е да конзумирате барем една чаша вода, за хидратација на телото. Според некои истражувања, се претпоставува дека кафето предизвикува дехидрација.

-Внимавајте на исхраната. Крофните и брзата храна заменете ги со овошје и зеленчук и со храна богата со протеини.

-Трепкајте со очите. Иако работата е важна ништо не е поважно од вашето здравје. Очите најмногу страдаат од вештачката светлина и од зрачењето на новата технологија. Користете заштитни очила додека сте пред монитор и на секои 30 минути направете мал одмор за очите и затворете ги неколку минути. За програмерите и луѓето кои целото работно време го минуваат пред монитор, се препорачува на секои 30 минути да прават пауза од 10-15 минути.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1888 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

2 Мај

2 Мај

Во 1975 година во Лондон е роден познатиот фудбалски професионалец Дејвид Бекам.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус