Вкусни солени мафини

26 април, 00:01

Brunch ( brancheon ) е оброк кој се служи од раното претпладне сè до касно попладне , затоа што во себе обединува намирници кои можат да се конзумираат и за појадок и за ручек. Направете си навика ваква убава вкусна мафина да биде задолжителен дел од вашиот Brunch оброк. Но вие можете да го правите во неговата здрава варијанта каде наместо шеќер во него ќе доминираат маслиновото масло, босилекот и кравјото сирење.

 

 

За 4 лица:
- 1 шолја јачменово брашно
- ½ шолја пченкарно брашно
- 1 ½ шолја полубело брашно
- 1 пакетче прашок за печење
- 1 ½ шолја млеко од соја
- ½  шолја масло од пченка или маслиново масло
- ¼ кафена  лажичка морска сол
 
За фил:
- 100 гр. кравјо сирење
- 1 рака свежи листови од босилек
- 2 супени лажици маслиново масло
- 1 супена лажица сок од лимон
- прстофат сол


Во посебен сад измешајте ги сувите состојки, исто тоа направете го и со течните состојки. Потоа лесно помешајте сè заедно. Мафините не треба долго и силно да се мешаат затоа што така нема добро и доволно да нараснат.
За филот сирењето треба да го изгмечите со виљушка, потоа се додава маслиновото масло, сокот од лимон, ситно исечканите листенца од босилек и солта. Калапите за мафини се намрсуваат и се полнат до половина, а потоа во секое се става половина кафена лажичка од приготвениот фил, а над него се дополнува калапот со смесата за мафини. Се печат 35 – 40 мин. во рерна загреана на 180°Ц. Внимавајте, рерната не ја отворајте првите 20 мин. за да можат убаво да се испечат и да нараснат.


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 5631 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус