За неа

Подгответе брз и едноставен крем за депилирање

28 мај, 00:02

Со зголемувањето на дневните температури доаѓа и промената на гардеробата, која за овој период од годината треба да е лесна, мека и пријатна за носење. Топлото време налага да ги извадиме кратките здолништа и кратките панталони и да ја отвориме летната сезона.
 
Но за спремни да ги дочекаме високите температури, треба да посветиме внимание и на изгледот на нашата кожа, поточно треба да се ослободиме од непријатните и непосакувани влакна од деловите на нашето тело кои ќе бидат сѐ повеќе и повеќе изложувани на сонце во овој и во летниот период што ни претстои.
 
Посетата на козметички салони прилично го олеснува нашиот буџет и наместо на скапи депилации да ги трошиме парите, можеме за истата сума која ќе ја дадеме за една депилација, да набавиме состојки со кои ќе подготвиме домашен крем кој ќе можеме многу подолго време да го користиме во домашни услови.
 
Времето за подготовка на домашниот крем за депилација е многу краток и многу едноставен и не бара некакви претходни посебни познавања и затоа ви предлагам да се информирате што сѐ ви е потребно, да ги набавите состојките и да уживате во вашата домашна депилација.
 
Потребни состојки:
- 1 шолја шеќер
- ¼ шолја мед
- цеден сок од половина лимон
- 100 гр. густин (нишесте)
- неколку дрвени стапчиња за сладолед
- памучни ленти
 
Подготовка:
1. Сите состојки се мешаат во еден подлабок сад.
2. Садот се загрева во микробранова печка на најсилна температура 20 минути.
3. На секои 30 секунди се мешаат состојките.
4. Откако ќе се стопат и соединат состојките садот се остава да се излади до собна температура.
 
Употреба:
1. Пред да почнете со депилацијата убаво измијте ја кожата со благ сапун и исушете ја со памучна крпа за да ја отстраните и најмалата мрснотија.  
2. На сувата кожа нанесете тенок слој од нишестето и убаво распространете го по целата површина. На овој начин ќе ја отстраните маснотијата од кожата, ќе ја заштитите кожата и ќе ѝ овозможите побрзо и полесно да ја исчистите после депилацијата.
3. Со стапчето од сладолед во насока на растот на влакната нанесете тенок слој од подготвениот крем и површината прекријте ја со парче памучна ткаенина.
4. Оставете го кремот и памучната ткаенина да отстојат околу една минута и со брзо движење повлечете ја ткаенината во насока спротивна на растот на влакната.
5. Постапката повторете ја додека не се ослободите од сите непосакувани влакна од кожата.
 
Пријатна и лесна депилација!      


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2479 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

7 Мај

7 Мај

Во 1892 година во Кумровец, Хрватска, е роден Јосип Броз Тито – југословенски револуционер и доживотен претседател на СФРЈ.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус