Занимливост

Маслиновите дрва под кои се молел Исус

23 октомври, 10:55

Маслиновите дрва под чии крошни се молел Исус Христос се неверојатно стари, известуваат научниците кои неодамна ги испитуваа.

Дрвата се наоѓаат во Гетсиманската Градина, под Маслиновата Гора во Ерусалим.

Според Библијата, во оваа градина Исус се собирал со своите апостоли и се молел, токму под крошните на маслиновите дрва.

Најновите испитувања покажале дека маслинките се стари околу 900 години и се вбројуваат во неколкуте најстари растенија на светот.

Дрвата кои денес ги има во градината на Исус не се истите од неговото време, но интересен е фактот дека маслиновите дрва имаат способност одново да пораснат, дури и ако биле сечени или изгорени.

ДНА анализите на дрвата покажале дека осум од нив потекнуваат од ист корен на многу постаро дрво. Сите осум дрва имаат слични гени и биле намерно засадени токму од едно прастаро дрво.

Иако не може да се потврди дека родителот на овие дрва е едно од оние под кои Исус се молел, научниците не може, а да не се запрашаат зошто некој би избрал токму едно дрво и би расадил осум други, кога во Ерусалим има илјадници  дрва.

Оригиналното дрво - родител не може да се пронајде, но останува фактот дека овие стари дрва се во одлична состојба и не покажуваат никакви знаци на заболување од бактерии.

Според еден од научниците кој ги испитувал дрвата, градината на Исус како да има невидлива заштита од инсекти, бактерии и загадување, таа е свет сам за себе, дом на неверојатно отпорни растенија, парче земја каде Исус поминал голем дел од своето време.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1779 пати.

Коментари [1]

suzana

Mnogu interesni podatoci za ovaa sveto mesto.

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

11 Мај

11 Мај

Боб Марли е еден од најпознатите и најпочитуваните изведувачи на реге музиката воопшто.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус