Здрави навики

Чаша млеко пред спиење за намалување на стресот!

11 февруари, 13:25

Млекото е одличен лек за намалување на последиците од стресот. 

Група германски научници со низа испитувања кои ги вршеа подолго време, докажаа дека со редовно конзумирање на чаша млако млеко пред спиење, не само што ќе ги намалиме последиците од стресот доживеан во тековниот ден, туку и ќе му помогнеме на мозокот подобро и правилно да се одмори. 

Студиите покажуваат дека фосфолипидите кои се во состав на млекото многу благопријатно делуваат на луѓето кои се под стрес, ја враќаат нормалната рамнотежа и функционалност на организмот и ги обновуваат или нормализираат когнитивните способности кои се намалуваат под дејството на стрес.

И покрај мислењата на поединци дека пред спиење треба да се избегнува млекото бидејќи содржи поголемо количество на маснотија и дека предизвикува алергии, стручњаците во оваа област сепак го препорачуваат.

Доколку сакате да имате мирен сон, да ги избришете сите негативности и нервози од денот што изминал и да ги намалите последиците од стресот, ви препорачуваме чаша млако млеко пред спиење. 

Пробајте, нема што да изгубите, освен напнатоста и негативноста. 

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2992 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

2 Мај

2 Мај

Во 1975 година во Лондон е роден познатиот фудбалски професионалец Дејвид Бекам.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус