Живеј квалитетно

5 причини да не му се враќате на поранешниот партнер

11 септември, 12:12

Кога на врската или бракот ќе им дојде крај, останува празнина која води до осаменост и потреба да се вратите во прегратката на партнерот.

Некои храбро продолжуваат понатаму, оставајќи го минатото зад себе, други пак одржуваат повремени контакти со поранешниот партнер и размислуваат да му се вратат.

Секоја врска е приказна сама за себе и токму затоа не постојат правила за тоа како да постапите.

Сепак, доколку размислувате да ја обновите врската/бракот и да му се вратите на партнерот, добро размислете за 5 –те причини поради кои не треба да го направите тоа.

Која била причината за раскинувањето? Можеби неверство, лоша комуникација со партнерот, љубомора која ги надминува границите на нормалното, малтретирање... Која и да била причината, сигурно била доволно силна штом сте се одлучиле да ја прекинете врската, затоа добро размислете колкава е веројатноста таа причина да не се повтори доколку ја обновите врската.

Кога лебот ќе се скрши, никогаш повеќе нема да биде цел. Сигурно ви е позната оваа изрека која треба да нè потсети дека нештата никогаш повеќе нема да бидат исти. Изгубената доверба многу тешко се враќа и потребно е време, трпение и одново градење на меѓусебните односи. На некои им успева, на други не, сепак сè зависи од вистинската причина поради која сте решиле да му се вратите на партнерот.

Зошто сакате да ја обновите врската? Ова е можеби најважното прашање кое треба да си го поставите. Најчестата причина за обновување на врските не е љубовта, туку навиката, стравот од самотија, стравот од новиот почеток во кој нема место за поранешниот партнер. Ако кај вас постои и најмал сомнеж дека она што го сметате за љубов всушност е само навика, не помислувајте да му се вратите на партнерот.

Дали луѓето лесно се менуваат? Одлучувате да му се вратите на партнерот убедени дека е променет/променета. Може ли луѓето така лесно да се променат и да не ги повторуваат грешките од минатото? Ако зборуваме за неверни, љубоморни или насилни личности, моето мислење е дека не може. Нивната агресивност или склоност кон неверство кога тогаш повторно ќе излезат на виделина. Дури и ако сте потполно убедени дека партнерот се променил, не заборавајте дека и вие во меѓувреме сте се промениле, што значи дека нештата кои порано ве исполнувале, можеби повеќе нема да ви бидат доволни.

Не заборавајте и на најблиските и нивната поддршка. Доколку одлучите да му се вратите на партнерот, не очекувајте дека сите околу вас ќе ве поддржат. Ова можеби и не е добра причина која треба да ве спречи, но ќе влијае на вас и ќе ви го отежни повторното градење на врската.

Одлуката никогаш не е лесна и само времето може да покаже дали правилно сте одлучиле.

Кога една врата се затвора, се отвора друга. Можеби е време да погледнете што се крие зад новата врата, храбро да зачекорите по нов пат и да побарате нова љубов за која вреди да се борите.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1988 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 Мај

19 Мај
Во 1962 година во САД, светски познатата пејачка Мерлин Монро, во чест на 45 - от роденден на тогашниот претседател Џорџ Кенеди, го испеа препевот на песната „Happy Birthday Mr. President”
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус