Живеј квалитетно

Како да препознате дека вашите родители стареат

08 декември, 00:30

Најголемата и најцврста поддршка секогаш доаѓа од родителите. Нашиот прв чекор, нашиот прв збор на кој тие сè уште со насмевка се сеќаваат никој не знае колку значи за нив.

Ви се случило еден ден да ги погледнете и да се изненадите колку се изменети и слаби?

Ова се најчестите промени кои укажуваат дека нивното тело старее:

 

  • Промени во исхраната и губење на килогарами

Намалувањето на апетитот и желбата за готвење може да биде предизвикано од депресија или од болести кои го измачуваат нивното тело. Осаменоста и стравот од соочување со староста имаат силна улога. Бидете покрај нив и покажете им дека никогаш нема да бидат сами, гответе за нив и водете ги на прошетки.

  • Непомнење

Како што минуваат годините, мозокот сѐ повеќе ја губи својата способност за помнење. Има моменти кога истата информација ќе ви биде кажана по 3-ти пат, но тие не се сеќаваат на тоа. Сослушајте ги исто како и првиот пат, за нив тоа значи многу.

  • Намалување на активностите и повелкување од социјалниот живот

Желбата за дружење и работа полека исчезнува или подобро е да се каже дека недостигот од енргија ги принудува да ја потиснат својата желба. Гледањето телевизија и седењето во дворот се најчестата занимација.

  • Промени во расположението

Кај дел од повозрасните лица нивното однесување е пропратено со нервоза и испадливост, а дел длабоко се повлекуваат во себе, постојано се со тажен поглед. Во голема мера медицинските лекови може да бидат од полза. Потрудете се да не замерувате на нивната депресивност, тоа не ги менува нивните чувства кон вас.

  • Отежнато управување со машини и возила

Губењето на концентрацијата при ракувањето со некои машини или автомобилот може да предизвика несреќа. Што не значи дека треба да им се развикувате и да им ги одземте, напротив, потрудете се да ги убедите да внимаваат, и побарајте алтернатива како да се избегне потребата од нивна употреба.

  • Неконтролирана употреба на лекови

Често се случува да заборават дали ја зеле потребната доза на лекови. Несигурноста и помислата дека нема да им се случи нешто лошо, ако земат повеќе може да ги доведе до опасност. Ако сте во можност потсетувајте ги за лековите и укажувајте на опасноста од нив и консултирајте со медицниско лице дали е препорачливо да се конзумираат лековите на подолг период.

  • Неподмирени долгови и неправилно користење на финансиите

Се случува да заборават да платат сметки, такси? Им недостигаат пари? Не се сеќаваат каде ги оставиле? Мислат дека не им се потрошени парите кои претходно ги потрошиле? Тоа значи дека е време да ги преземете на свој грб овие обврски.

Додека се борите низ животот сакајќи што повеќе да постигнете заборавате како родителите стареат пред ваши очи. Застанете и дадете си време да бидете со нив, сега кога вие треба да им бидете поддршка и помош за секој нареден чекор.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1779 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус