Животен стил, Живеј квалитетно

Зошто е важно да простувате?

10 април, 06:25

Да се простува е човечки, но понекогаш е навистина тешко некому да простите, особено ако многу ве повредил и ви причинил болка.

Простувањето не значи дека го прифаќаме, одобруваме или оправдуваме однесувањето на другите. Простувањето значи дека се ослободуваме од лутината и горчината кои ги носиме во себе, тоа е дар кој сами си го подаруваме, а не дар наменет за личноста на која ѝ простуваме.

 

Зошто е важно да простувате? Бидејќи самиот чин на простување ќе ви донесе многу важни дарови кои ќе го подигнат квалитетот на вашиот живот.

Ова се 5 –те дарови на простувањето:

Внатрешен мир
Лутината, бесот и горчината никогаш не носат нешто добро, дури ни кога се навистина оправдани. Во ред е да се налутите, но доколку долго време ја држите лутината во вас, го губите внатрешниот мир. Ако искрено, најискрено простите некому, добивате еден драгоцен дар – вашиот внатрешен мир.

Чувство на леснотија
Лутината е како камен кој постојано ве притиска, ја чувствувате неговата тежина, ви ги потиснува позитивните чувства, ја засенува среќата. Колкава била тежината на тој камен ќе дознаете дури откако ќе простите, бидејќи ќе почувствувате таква леснотија во душата, што ќе се запрашате како сте можеле толку долго да живеете со тежината на лутината.

Слобода
Простувајте, за да може да продолжите со животот. Лутината силно ве поврзува со луѓето кон кои е насочена, сè повеќе емоционално тонете и останувате заглавени во минатото. Еден од најубавите дарови на простувањето е токму слободата која ја носи, можноста за нова страница од животот на која ќе нема место за негативни мисли кои ќе ве влечат наназад.

Помалку стрес
Лутината е еден од причинителите на стрес кој може многу лошо да се одрази на вашето здравје и воопшто на животот кој го живеете. Зошто да не се обидете да простите и да си го дозволите луксузот да живеете помалку стресно?

Повеќе простор за убави мисли
Сè додека не простите, мислите постојано ќе ви се навраќаат кон личноста која многу ве повредила, а бесот и лутината ќе земаат сè поголем замав. Негативните мисли водат кон уште повеќе негативни мисли, и сè така сè додека не се ослободите од лутината. Кога еднаш ќе раскрстите со лутината, ќе простите и нема да се навраќате на она што ве повредило, ќе забележите колку почесто размислувате за убави нешта, нешта кои се важни во животот и кои ве прават среќни.

Не заборавајте, простувањето е дар, и колку побрзо си го подарите себеси, толку подобро за вас.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2143 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

27 април

27 април

Во 1986 година, во Скопје е родена Елена Ристеска, еден од најдобрите женски вокали во Македонија, пејачка која успешно работи во земјава и надвор од неа.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус