Здравје, Здрави навики

Зошто жените повеќе страдаат од Алцхајмеровата болест?!

22 јуни, 07:08

Бројката на заболени лица од Алцхајмеровата болест е поголема кај женскиот пол, отколку кај машкиот. Покрај тоа, кај жените побрзо се влошува менталната состојба за разлика од мажите кои се во истата фаза на болеста, но со помали последици. 

Алцхајмеровата болест предизвикува губење на интелектуалните способности и способноста за социјална интеракција. Лицата заболени од оваа болест имаат пречки во секојдневното функционирање. Важно е да се знае дека не е болест која доаѓа со годините, иако ризикот е најголем после 85-та година.

Болеста се манифестира со губење на меморијата, намалување на способноста за планирање и решавање проблеми, проблеми при зборување и пишување, дезориентација во просторот и времето, намалување на способноста за извршување на секојдневните активности, како и личната грижа, брзи и чести промени во расположението.

Причините зошто жените се повеќе загрозени од болеста се објаснува преку следните ставови:

  • Хормоните предизвикуваат хаос – естерогенот е многу значаен во борбата со Алцхајмеровата болест, тој делува како штит. Но, неговото количество се намалува за време на менопаузата поради што полесно може да бидете заразени од оваа болест.
  • Мажите имаат поголеми резерви на хормони – одржувањето на потребната резерва на хормони помага во борбата со болеста. Мажите кои имаат поголеми резерви за разлика од жените повеќе се заштитени и имаат помали последици.
  • Гените имаат значајна улога – генетскиот фактор според неколку истражувања се покажал како многу поопасен за женскиот пол отколку за машкиот.

Алцхајмеровата болест не се лекува, за лицата носители на таа болест најважно е да се опкружени со своето семејство кое ќе се грижи за нив.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1864 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

3 Мај

3 Мај

На денешен ден утврдена е македонската азбука која се состои од 31 буква.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус