Занимливост, Интересно

11 нешта кои не сте ги знаеле за Фејсбук

27 август, 07:12

Фејсбук, социјалната мрежа без која многумина не можат да си го замислат животот (не можам да разберам зошто?) е свет сам за себе, место за дружење, забава, споделена радост...

Се разбира, доколку сакате ваков начин на живот каде секој секому е пријател, иако на улица едвај се поздравувате. 

 


Околу социјалната мрежа се вртат едночудо интересни факти од кои ги издвоивме следните:


Секоја година има околу 2 600 000 обиди за хакирање на Фејсбук.


За еден од секои три разводи во светот, Фејсбук е наведен како причина за раскинување на бракот.


Секој месец повеќе од 1 милијарда луѓе пристапуваат до фејсбук преку своите мобилни телефони. Тоа е преку 1/7 од вкупниот број жители на Земјата.


Еден од секои три посетители на Фејсбук изјавиле дека се чувствувале лошо по посетата на социјалната мрежа.


Сè до 2007 година на позадината на сајтот на Фејсбук стоеше фотографија за која многумина сметаа дека е портрет на Марк Цукерберг, а всушност стануваше збор за фотографија од младоста на Ал Пачино. Зошто токму Ал Пачино? И денес никој не знае.

11 нешта кои не сте ги знаеле за Фејсбук, Ал Пачино, Марк Цукерберг, развод, лајк, социјална мрежа, facebook, al pacino, razvod, like

Еден ден на Фејсбук ќе има повеќе мртви отколку живи луѓе.


Ако на крајот од url –то на вашата фб страна додадете /4, ќе одите на фб страната на Марк Цукерберг.


13,83 проценти од проститутките имаат своја фб страна.


Просечниот возрасен фб корисник има околу 338 пријатели на оваа социјална мрежа.


Значењето на poke или боцни никогаш не е откриено. Основачите на Фејсбук го додале само за забава, без некоја посебна цел или значење.

11 нешта кои не сте ги знаеле за Фејсбук, Ал Пачино, Марк Цукерберг, развод, лајк, социјална мрежа, facebook, al pacino, razvod, like


Врз основа на вашите лајкови, Фејсбук може да следи кои сајтови сте ги посетиле дури и кога ќе се исклучите од социјалната мрежа.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2024 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус