Занимливост, Интересно

6 нешта кои не сте ги знаеле за Мерилин Монро

16 август, 06:50

Долги години по нејзината смрт Мерилин Монро сè уште е поим за секс симбол. Нејзиниот краток живот беше и повеќе од бурен, а причините за нејзината смрт и денес остануваат неразјаснети.

Славната актерка не беше само секс бомба која низ животот се пробива со својот изглед. Таа беше сестрана личност која постојано се надоградуваше себеси и се обидуваше да го најде своето место под сонцето, токму како и секој од нас.

Некои нешта од нејзиниот живот можеби ќе ви покажат колку тешки моменти имала, но и колку напорно и посветено работела за да стекне име кое ќе се памети.


Прв пат се омажила на 16 години, за полицаецот Џемс Доерти. Доколку не се одлучела на овој брак, Монро ќе завршела во дом за сираци. Бракот траел 4 години, завршил со барање за развод од страна на Монро, а нејзиниот сопруг толку тешко ја поднел разделбата, што помислувал и да се самоубие.


Мерилин била целосно посветена на актерството и не сакала да ја сфаќаат несериозно. Токму затоа, цели 6 години на снимање одела со нејзиниот учител по глума, Наташа Литис. Литис присуствувала на снимањето на 22 филмови и имала голема улога во животот на славната актерка. Сакајќи секогаш да се прикаже во најдобро светло, Мерилин се држела до советите и лекциите на Литис, со цел да стане сериозна и квалитетна актерка.


Нејзиниот втор брак траел нецела година. Сепак, тоа било сосема доволно за нејзиниот сопруг Џо Димаџио никогаш да не ја заборави. Славниот бејзбол играч праќал рози на гробот на Мерилин три пати неделно, секоја недела, во период од 20 години.


Мерилин Монро редовно вежбала јога. Иако во тоа време за јогата се знаело многу малку, Монро ги имала почувствувано благодетите на оваа техника и редовно ја практикувала, сакајќи да има убаво обликувано тело.


Нејзината совршено обликувана вилица и обликот на носот се дело на пластичната хирургија. Експертите кои ги проучувале фотографиите на Мерилин од младоста со оние кога станала славна актерка, тврдат дека ставила инплант во брадата и ја поправила формата на носот.


Славната актерка била голем љубител на пишаниот збор. Таа била интелектуалка, често читала и имала импозантна библиотека во својот дом. Дури и посетувала вечерни часови по литература и историја на Универзитетот УКЛА, а пишувала и поезија.


Дел од поезијата на Мерилин Монро

Имам солза која не можам да ја пуштам да си оди.
Се чувствувам тажно,
кога го имам целиот живот зад себе.
Кога би имала малку помош за оваа тага,
тогаш би можела да најдам сламка за која ќе се фатам.
Убаво е да си жив.
Ми велат имам среќа што сум жива.
Тешко е тоа да се разбере,
кога сè што чувствувам боли.

О, време.
Биди љубезно,
Помогни му на ова уморно суштество
да го заборави она што е тажно за паметење.
Изгуби ја мојата осаменост,
дај му леснотија на мојот ум.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1990 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 Мај

18 Мај
Во 1872 година во селото Влахи, Мелничко, во Пиринска Македонија, денешна Бугарија, е роден Јане Сандански, еден од најистакнатите македонски револуционери, познат и почитуван војвода и одличен раково
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус