Здравје, Здрави навики

9 здрави комбинации од храна

18 август, 06:33

Што подготвувате за ручер? Месо, пржени компири, сос од домати и супа? Оваа комбинација е многу вкусна, но не и добра за организмот. Месото кое содржи голема количина на токсини е доволно за ручек. Со внесување на разни видови храна му ја отежнувате работата на организмот во исфрлувањето на токсините. 

Не само што треба да се внимава на тоа што се јаде, туку и на комбинациите од храна кои ги правиме.

 

9 здрави комбинации од храна:

Јајца (кајгана) + Црвена пиперка

Црвената пиперка содржи витамин Ц кој е значаен за мазна кожа без брчки и недостаток на влажност. Количината на витамин Ц кој го содржи пиперката ја задоволува дневната потреба од овој витамин.

Млеко + Пченични никулци

¼ чаша пченични никулци помешани со млеко задоволуваат речиси половина од потребната дневна количина цинк. Цинкот е значаен за зајакнување на имунитетот.

Сендвич + Спанаќ

Доколку во вашиот сендвич додадете 3 листови спанаќ, ќе внесете најмалку 20% од потребното дневно количество на витамин А. Овој витамин е важен за намалување на ноќното слепило и ги штити очите од макуларна деградација, што може да доведе до губење на видот.

Свежа зелена салата + Конзервиран див лосос

Со додавање на 90 гр див лосос во свежата зелена салата внесувате половина од потребното неделно количество на омега 3-масти. Масните киселини кои ги содржи конзервираниот лосос ја подобруваат работата на срцето и мозокот. 

Пудинг + Млеко во прав со намалена мастеност

1/3 чаша млеко во прав комбинирана со пудинг задоволува 40% од потребното количество на калциум и од 50%-100% од потребното дневно количество на витамин Д. Комбинацијата на калциум и витамин Д ги намалува симптомите на предменстуралниот циклус. 

Тестенини + Магданос

6 парчиња магданос ќе им дадат свеж вкус на тестенините, а воедно ќе ја задоволат дневната потреба на витамин К. Овој витамин е значаен за коските, спречува појава на фрактури и штити од губење на коскената маса.

Супа + Пинто грав

Доколку јадете ½ чаша пинто грав во супа холестеролот ќе се намали за 8%. Благодарение на големата количина на растителни влакна кои ги има во гравот, се намалува апсорпцијата на холестерол. 

Сода + Сок од грозје

Сокот од грозје содржи ресвератрол кој помага за намалување на високиот крвен притисок, за намалување на холестеролот и спречува згрутчување на крвта. 

Лимон + Зелен чај

Зелениот чај е богат со антиоксиданси. Кога ќе се искомбинира со лимон неговото дејство против заболувања се зголемува повеќекратно.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 3016 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 Мај

16 Мај

Во 1966 година во Гери, Индијана, е родена светски познатата пејачка, текстописец и актерка Џенет Џексон.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус