Здравје, Здрави навики

Шест причини зошто да пиете зелен чај

05 август, 09:13

Природата е несебична кога станува збор за лековити растенија кои му користат на нашето здравје. 

Зелениот чај е чудесен напиток кој наоѓа голема примена во медицината, а неговото секојдневно користење благопријатно делува на организмот.

Ви претставуваме само 6 благодети на овој напиток со цел да ве поттикнеме да започнете да пиете зелен чај.

 

1. Алергии

Редовната употреба на зелен чај ќе ги ублажи симптомите на алергија, кашлица, кивавица и солзење на очите.

2. Зелен чај за борба против ракот

Го намалува ризикот од онколошки заболувања. Две шолји дневно го намалуваат ризикот од рак на белите дробови дури за 18 проценти.

3. Намалување на телесната тежина

Зелениот чај го забрзува метаболизмот, а со тоа помага во губење на килограмите.

4. Имунитет

Проблемите со слабиот имунитет и честите настинки може лесно да се решат со користење на овој напиток.

5. Висок холестерол

Редовното користење го регулира холестеролот, ги чисти артериите и го намалува ризикот од срцев удар.

6. Зелен чај за здрави заби

Освен што го намалува расипувањето на забите, зелениот чај ја спречува и појавата на кариес и ги штити непцата.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3607 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

17 Мај

17 Мај
Познатата пејачка и текстописец Дона Самер, која во 70 - те години беше прогласена за „Кралица на диското и диско музиката”, почина на 63 годишна возраст, по долгогодишната битка со ракот.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус