Битолчани на Светско во Бразил!

12 мај, 11:11

Во пресрет на Светското првенство во фудбал, Битола ја зафати вистинска бразилска треска.

Наголемо се берат сликички за албумот, а Битолчани се организираат меѓусебно, си разменуваат адреси и телефони, се растрчуваат низ градот, сè само за да се смени некое сличе.

Интересно е тоа што од треската се зафатени буквално сите од 7 дo 77, и секој ден го шират кругот на познаници кои собираат сликички.

Бидејќи е тешко да најдете луѓе за смена (освен ако не одите на училиште, а голем дел од оние кои го берат албумот се над 30 годишна возраст), Битолчани изнајдоа интересни начини на запознавање и размена.

А начини на запознавање има многу. На пример, си купуваш сликички, а оној кој чека зад тебе на каса те прашува: „Брат, имаш за смена?” И толку. Веднаш си разменувате телефони и си ги зголемувате шансите побрзо да го соберете албумот. Потоа му организираш средба со твоите другари, а тој пак му го дава твојот број на другар му кој има братучед кој собира сликички...

Недела пак е вистински празник. На плоштадот Магнолија, во 12 часот, секоја недела се собираат љубителите на фудбалот, повторно од 7 до 77, и си се разменуваат. Ако немаат што да ти дадат, им земаш сликички кои не ти требаат, а ти им даваш она што им треба, важно е некој да се радува.

Не знам како е во другите градови, но претпоставувам дека истото се случува низ цела Македонија.

Албумот со сликички можеби малку ќе ви го олесни паричникот, но за возврат ќе добиете нови пријателства, забава и навистина позитивна енергија.

Морам да признам дека и мене ме зафати оваа бразилска треска, иако речиси и не ме интересира фудбалот, па можам да замислам како им е на оние страсни фанови кои со години го следат секој фудбалски натпревар.

Битолчани можеби нема да одат во Бразил, но затоа магијата на фудбалот наголемо ја донесоа во Битола.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1640 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 Мај

18 Мај
Во 1872 година во селото Влахи, Мелничко, во Пиринска Македонија, денешна Бугарија, е роден Јане Сандански, еден од најистакнатите македонски револуционери, познат и почитуван војвода и одличен раково
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус